Враќање на Мурињо? Посебниот е во градот, виден со директорот на Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По отказот кој од доби од Манчестер Јунајтед, 50 годишниот стратег постојано се поврзува со многу клубови, од Бенфика до Реал Мадрид.

Меѓутоа, се чини дека Специјалниот е најблизу до враќање во Интер, посебно сега кога Спалети е под постојан притисок.

Шпекулациите дополнително се подгреаа откако репортери на Теле Ломбардија ги фатија на вечера Мурињо и спортскиот директор на Интер Марота, кој ниту сам не е задоволен од Спалети, дел поради лошите резултати, дел поради лошиот однос со играчите.

Од друга страна, Мурињо на Џузепе Меаца ги помина можеби најубавите денови на својата тренерска кариера. Миланскиот клуб го водеше до трократна круна во сезоната 2009/10 кога со тој тим го освои првенството, италијанскиот куп и Лигата на шампионитем а помеѓу навивачите и ден денес е омилен.

Дали Спалети ги губи уздите во клубот или пак посетата на Мурињо била само од туристичка природа, ќе покаже наредниот период.