ВТА Бризбејн: Крај за првата тенисерка во светот!


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Првата тенисерка во светот, Анџелика Кербер беше сопрена денес во ¼-финалето во Бризбејн од Елина Свитолина.

Германката во ¼-финалето изгуби од Свитолина со 2:1 во сетови, односно 4:6, 6:3 и 6:3.

Ова е прв пораз за Германката во 2017 година, а дека не играше добро зборува и фактот дека се намачи во минатиот натпревар против Барти.

Меѓутоа, Украинката се покажа како тежок противник и успеа да ја победи Германката.

Свитолина во 1/2-финале ќе игра против Плишкова.