ВТА Сингапур: Цибулкова стигна до трофејот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тенисерката од Словачка, Доминика Цибулкова е победник на завршниот Мастерс во Сингапур.

    Таа денес во големото финале ја победи Анџелика Кербер.

    Цибулкова беше поразена во групата од германската тенисерка, но во новиот дуел таа беше многу подобра и на крајот стигна до титулата со 6:3 и 6:4.

    Така дојде до 5-та победа против Германката во 9-те меѓусебни натпревари.

    Ова е најголем успех во кариерата на Цибулкова, која претходно во оваа сезона освои 3 титули.