Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Вулверхемптон ја разгледуваат опцијата да го засилат својот напад во јануарскиот преоден рок.
„Мирор“ пишува дека клубот ќе тргне по услугите на заборавениот играч на Ливерпул, Дивок Ориги.
Нуно Еспирито Санто е свесен дека Ориги не ги исполни очекувања во Ливерпул и дека многу веројатно ќе си замине во јануари, па токму затоа ќе се обиде да го донесе во своите редови за нешто повеќе од еден месец.
Иако Вулверхемптон игра сосема солидно на почетокот на сезоната, има постигнато само 12 погодоци, што во иднина може да се покаже како премалку.