Галатасарај беше подобар од Олимпијакос – Басконија во феноменален финиш ја победи ЦСКА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одиграа уште 2 натпревари во Евролигата.

Првиот натпревар се одигра помеѓу Олимпијакос и Галатасарај, а го доби тимот на гостите со 80:71.

Олимпијакос одлично го започна натпреварот со 27:14 и сигурна игра до крајот на полувремето и предност од 48:35.

Вториот дел беше одличен за Галатасарај. Со 22:11 во третата и 23:12 во последната ¼-на тие стигнаа до конечни 80:71.

Во вториот натпревар помеѓу Басконија и ЦСКА имаше многу возбудувања.

Натпреварот започна добро за Басконија која ја освои првата ¼-на со 18:14, но ЦСКА врати и на полувремето Басконија замина со предност од 34:33.

Вториот дел имаше подобра игра на Басконија и победа во возбудливиот крај со 79:78.