Гатузо во јануари добива големо засилување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата од Милано планира сериозно да се засили во јануарскиот преоден рок.
Како што пренесуваат италјанските медиуми, желбата на Росонерите е играчот за врска од Челзи, Фабрегас.

Шпанецот на почетокот од оваа сезона се наоѓа во немилост на тренерот на овој клуб, Маурицио Сари кој досега му нема дадено ниту една шанса на ниту една средба во Премиер Лигата, а со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот од оваа сезона, сосема е извесно дека ќе замине веќе во јануари.

Милан наводно планира да ги спои него и Игуаин и челниците на овој клуб сметаат дека тоа би требало да биде добитна формула во другиот дел од сезоната.

Да потсетиме, Милан премногу слабо влезе во новата сезона и за сега има само една победа на четири остварени средби, а вечерва игра против Емполи.