Гатузо: Не сме голем тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Росонерите вчера одиграа добар меч на гостувањето кај Емполи, но поради грешката на Ромањоли и пропуштените зицери на крајот освоија само бод (1-1).

Росонерите после новиот успех се многу ниско на табелата. Се наоѓаат на 14. место со шест бодови, а тренерот Гатузо после новото разочарвање јасно тврди – Милан не е голем тим.

„Креиравме голем број на шанси, а потоа се случи грешката. Се почуствува отсуството на Игуаин, но имаме проблем со финишот. Немам што да му кажам на Ромањоли за оваа грешка. Ако морам да разговарам со него поради тоа, морам и со другите кои промашија шанси. Грешките се случуваат, но морате да се осигурате да не ве чинат“ , рече Гатузо и додаде:

„Не сме голем тим. Мораме да растеме, да исправиме некои грешки и сето тоа со напорно работење. Ако продолжиме да играме вака резултатите ќе дојдат, порано или подоцна“, додаде тренерот на Милан.

Наредниот меч му носи нов тежок испит на Милан, гостување кај одличниот Сасуоло кој моментално е на трето место во Серија А.