Гатузо после пропуштените бодови во судиското продолжение: Такви работи се случуваат…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо сигурно беше разочаран откако неговиот тим изгуби 2 бодови ма гостувањето кај Лацио, откако домашниот тим успеа да израмни во 94, минута (1-1).

После мечот Гатузо проба да остане позитивен.

„Такви грешки можат да се случат во финишот на натпреварот. После овој пораз мораме да пробаме во моменталниот процес да вратиме некои од нашите повредени играчи. Сепак, не смееме да брзаме со опоравувањата, бидејќи најлошо што може да ни се случи се нови повреди. Да бидам искрен, не очекувам многу позитивни вести во однос на тој план“, рече Гатузо и продолжи:

„Морам да кажам дека тимот воспостави еден одличен заеднички дух и беше задоволство да го припремам овој меч. Тимот беше близок во тешките моменти. Сите рапсравии кои ги имавме во изминатиот период беа за доброто на клубот“, порача тренерот на Милан.