Гатузо: Пјатек е радознал, ме потсеќа на Томасон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо го прокоментира новиот напаѓач на Росонерите, Кристоф Пјатек и го спореди со помалку заборавениот Томасон.

Пјатек неодамна го засили Милан од Џенова за 35 милиони евра, а веќе имаше прилика да дебитира за новиот клуб во дуелот со Наполи кој заврши 0-0.

И покрај тоа што не постигна гол, Гатузо беше задоволен од она што го виде од Пјатек од кој се очекува многу во периодот што претстои.

„Тој ме потсеќа на Томасон и има многу специфични особини. Томасон никогаш не пропушташе тренинг и секогаш ни помагаше, дури и кога не беше во стартната постава. Пјатек дојде и ми се допадна. Гледам дека е радознал, гледа фотографии на Миланело, разговара и го чуствува она шго го имаме во ова место. Тоа е фантастично“, рече Гатузо.

Интересно е тоа што полскиот напаѓач и вториот свој меч ќе го одигра против Наполи и тоа вечерва во рамките на Купот на Италија.