Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп сфати дека направи грешка што го купи искусниот чувар на мрежата за блиску 20 милиони евра, сега само да го менува.
Кастрофата која Манчестер Сити ја претрпе против Евертон во недела попладне повторно поткрена тема – дали Клаудио Браво е вистинска опција на гол цртата?
Доаѓањето на чилеанскиот голман од Барселона во минатото лето за нешто помалку од 20 милиони евра предизвика сериозни полемики меѓу англиските фудбалски критичари.
Гвардиола веруваше дека Браво е вистински избор поради добрите кратки додавања, што е детал на кој Пеп најмногу и ја заснова својата тренерска филозофија. За акцијата да ја гради од последната линија на тимот.
Неможноста за на вистински начин да се одговори на највисоките предизвици на линијата сенка на се остави квалитетите кои ги поседува Браво.
Гвардиола се сомневаше уште во септемврискиот судар на двете галаксии, кога Браво беше означен за виновен кај голот на Златан Ибрахимовиќ, а притоа тогаш имаше среќа што не исценираше пенал на Вејн Руни. Уште во тој меч се виде дека Браво има недостаток што сериозено може да ги загрози шампионските надежи на Сити.
Не само дека е голман кој најмногу пати испушти „живи“ топки (дури три пати), Браво дозволи да покрај него да поминат дури 43 % од противничките шутеви во рамките на голот.
Исклучителен висок број.
Во споредба, Лукаш Фабијански од Свонси е единствено пред Браво со речиси 48 %, додека Уго Лорис е најдобар со само 26 % од неодбранети шутеви.
Не е вината само на Клаудио Браво. Доста оди и на душа на одбраната, посебно на 60 милиони евра платениот стопер Џонс Стонс, кој од доаѓањето во Сити веќе неколку пати е означен како директен виновник.
Поради се тоа, Скај пишува дека Гвардиола е во сериозна дилема – дали да пружи нова шанса на Браво или да посегне за алтернативни решенија.
Џо Харт не е по вкусот на Пеп и негово враќање не доаѓа во предвид. Виљи Кабаљеро е ограничен само на куп натпревари и не е кој Гвардиола го сака, а како единствено логично решение се наметлува младиот чувар на мрежата на Бенфика Едерсон (23).
Во прашање е момчето што е стандарден на линијата на голот на лисабонските Орли и моментално е еден од клучните играчи во нападот на четвртата титула по ред во Португалија.
Гвардиола веќе неколку пати испраќаше луѓе од доверба да ги следат партиите на Едерсон, а ревизијата коај стигнува позитивно го изненадија Пеп. Нормално. Бенфика нема така лесно да се откаже.