Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола размислува за опција во јануарскиот преоден рок да ангажира уште еден фудбалер за врска.
Манчестер Сити изгуби два пати по ред во Премиер лигата од Кристал Палас и од Лестер, а занимливо е тоа што на двата натпревари не играше фубалерот за врска Фернандињо кој е повреден.
Со оглед на тоа дека Бразилецот нема да игра уште некое време, а Пеп нема вистинска замена во моментот, тој планира да донесе нов играч. Прв на листата е играчот за врска на Челзи, Фабрегас.
Некогашниот шпански репрезентативец има проблеми да се избори за место во екипата на Челзи откако на клупата седна Маурицио Сари, а Гвардиола е негов некогашен познаник од Барселона.
Иако соработуваа во време кога Фабрегас беше на врвот на кариерата, Гвардиола очигледно сеуште веруува дека во него има квалитети кои можат да им бидат корисни на Граѓаните во наредниот период.
Потсетуваме дека за услугите на Фабрегас се заинтересирани Милан и Монако, но доколку дојде до повик од страна на Гвардиола, Шпанецот тоа тешко ќе може да го одбие.