Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиската јавност и навивачите на Манчестер Сити пред неколку месеци ги изненади веста дека Пеп Гвардиола го изостави Јаја Туре од списокот за Лигата на шампионите.
Фудбалерот од БСК во минатото лето испадна од плановите на Гвардиола и долго траеја расправиите на тренерот на Сити со менаџерот на Туре Димитри Селчук.
Во меѓувреме, Туре се врати во екипата и постепено добива шанса, на што одговори на најдобар можен начин.
Искусниот играч за врска со партиите на теренот потврди дека местото му е меѓу првите единаесет, а на Гвардиола не му преостана ништо друго освен да ја признае својата грешка.
Доказ за тоа е најновата дека Гвардиола се одлучи да го додаде Јаја Туре на списокот играчи регистрирани за ЛШ, па се очекува одличниот фудбалер да биде во составот за натпреварот против Монако.
Освен Туре, на списокот е приклучен и младиот бразилец Габриел Жесус.
Манчестер Сити првиот меч од осмина финалето против Монако ќе го игра на 21 февруари на Итихад.