Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва не очекува големото англиско дерби во Премиер лигата во кое од 21 часот ќе се сретнат Манчестер Сити и Ливерпул.
Актуелниот шампион е во подредена положба бидејќи го загуби лидерското место кое го зазедоа токму „Црвените“.
Навивачите на Ливерпул сметаат дека ова би можело да биде сезона во која ќе ја прекинат низата долга 29 години без титула во англискиот шампионат.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не пропушти прилика тоа да го спомене пред овој меч.
„Нам изминатата година ни беше полесно бидејќи 80 мои играчи не освоија ништо и имаа глад за победа.
Можам само да претпоставам како се чувствуваат играчите на Ливерпул. Тие не освоиле титула 29 години, тоа е огромен притисок за нив и затоа постојано им зборувам на играчите за тоа колку е важно да се освојат што е можно повеќе трофеи секоја сезона.
Имаме уште многу натпревари пред нас и Ливерпул и ние ќе загубиме бодови бидејќи конкуренцијата е силна“, смета Пеп.
Јасно е дека Шпанецот игра психолошки игри за малку да ги поремети играчите на Ливерпул, а нешто пред 23 часот ќе видиме дали успеал во тоа.