Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фотографија од еден ресторан во Манчестер на која се гледа дека на едниот стол седи напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро и тренерот на оваа екипа Пеп Гвардиола кружи на интернет во последно време.
Англиските медиуми шпекулираа дека Манчестер Сити има намера да го продаде Агуеро во наредното лето и дека тоа беше една од главните причини поради што Гвардиола и Агуеро се најдоа на вечера.
Сепак, шпанскиот стручнак се одлучи да ги демантира тие шпекулации.
„Не, не разговаравме за договор. Тој веќе има договор кој е на долго време врзан за клубот. Има многу пари и сакаше да го повика неговиот тренер да вечера. Тоа беше тоа“, рече Гвардиола.
Да потсетиме дека Серхио Агуеро во Манчестер Сити стигна во лето 2011 година од Атлетико МАдрид за 38 милиони фунти и да стане најдобар стрелец во историјатана клубот постигнувајќи досега 154 голови.
Неговиот актуелен договор со Сити истекува на лето 2020 година.