Гвардиола од Барселона доведува засилување за 160 милиони евра?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити оваа сезона води голема битка во Премиер лигата за одбрана на титулата, бидејќи Ливерпул игра неверојатно и има седум бодови предност. Овие тимови токму утре ќе имаат средба на Етихад, а на тимот на Гвардиола му е потребна победа за да остане во борба за првото место.

Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола сака да потроши огромна сума на пари бидејќи не е задоволен како неговиот тим игра. Наводно, Пеп е заинтересиран да доведе засилување од Барселона и тоа Филипе Кутињо кој минатиот јануари токму од Ливерпул пристигна во Барса.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Сити е заинтересиран за Бразилецот поради честите повреди на Де Бруин и Фернандињо и дека нема да штеди. Наводно, Граѓаните се спремни да платат дури 160 милиони евра за Кутињо, односно онолку пари колку што плати и Барселона.

Гвардиола го гледа Кутињо како замена за Давид Силва кој најверојатно ќе замине на крајот од сезоната. Сепак, тешко дека Барса ќе го пушти својот играч. Но, научивме дека во фудбалот се е можно.