Гвардиола откри зошто не сака да купува „домашни“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Одговорот е крајно едноставен, затоа што е многу скапо.

Пеп Гвардиола изјави дека сака да има во тимот повеќе англиски фудбалери, но откри дека најверојатно ќе биде осуден на тие кои се веќе тука и на тие кои доаѓаат од младинскиот погон на Сити.

„Англиските фудбалери се прескапи. Затоа би сакал да работам со нив, но е тешко е да се реализира поради нивните енормни цени. Кога бев во Барселона сакав да ги форсирам нивните деца. Овде тоа оди доста тешко“, рече Гвардиола.

Граѓаните од домашните фудбалери ги имаат Џон Стоунс, Рахим Стерлинг и Фабијан Делф. Сите знаеме дека тие тројца се преценети и дека се издвоени огромни средства со цел да бидат доведени на Итихад.

Понекогаш во конкуренција за тимот е 19-годишноиот Тосин Адарабиојо и голманот  Агнус Ган.

Интересно, последен англиски фудбалер кој излезе од академијата на Манчестер Сити, а остави значаен белег во првиот тим беше Мика Ричардс. Сепак, тој не е во клубот од 2015 година.

Ќе видиме како ќе оди со регистрирање од младинскиот погон додека Гвардиола е на Итихад.