Гвардиола повторно се „заљуби“, а дали потегот на неговиот помошник открива нешто…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити ни вторпат оваа сезона не успеа да го совлада францускиот тим. Лион на „Итхад“ славеше, а синоќа ремизираа во реваншот со 2:2.

Лион навистина делува исклучително на теренот. Немаа среќа да постигнат уште некој погодок и да го казнат Сити кој мора да се признае пристигна во ослабен состав, колку и тоа чудно да звучи, но недостасуваа Менди, Бернардо Силва, Кевин Де Бруин и Гундоган.

Како што стојат работите, еден играч на Лион посебно го воодушеви Пеп Гвардиола, кој се „заљубил“ како што пренесуваат странските медиуми. Во прашање е Хусем Оар, младиот играч за врска на Лион.

20-годишниот Оар кариерата ја започна уште во младинската школа на Лион, а во 2017. година дебитираше за првиот тим. Одигра вкупно 49 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум погодоци.

Оар делуваше фантастично, а се споменува дека Гвардиола би сакал да го види во дресот на „Граѓаните“. Она што на бројните медиуми им го привлече вниманието е потегот кој беше одбележан кон крајот на мечот. Имено, Микел Артета, помошникот на Гвардиола, по завршувањето на мечот беше во тунелот и зборуваше токму со Оар.

Дали е ова задача дадена од Гвардиола, останува да видиме…