Гвардиола призна – Ќе атакува на најдобриот дефанзивец на светот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јасна е неговата немера да го доведат, но останува прашањето дали е тоа можно.

Во минатата сезона Сити и Челси сакаа да платат 60 милиони евра за Лео Бонучи, Јуве не преговараше за понуда, бидејќи самиот играч сакаше да остане во Торино.

За Гвардиола нема сомнеж, Бонучи е најдобар стопер на светот.

„Тој има се, одлична визија, можност за пас игра, во исто време е многу цврст, не можете без тоа против фудбалери какви што се Лукаку и Ибрахимовиќ на пример. Поради тоа Бонучи е најдобар на светот, тоа е играч каков што ни треба“, повтори Гвардиола.

„Сите тие квалитети го прават навистина дефанзивец каков што сите посакуваат“, додаде Пеп.

Ќе проба и во наредното лето, а овој пат има повеќе шанси.

Бидејќи, Бонучи кој има договор до 2020 години, не е баш во најдобри односи со Алергри, а Јуве може да земе голема количина на пари бидејќи веќе обезбеди замена. Имено, ако стигна понуда од 60 милиони евра, се зборува дека ќе биде прифатена, а Алегри бараше за шест месеци пред рокот, во јуни, наместо во јануари, да стигне Калдара од Аталанта кој е веќе купен.

Истотака, Јуве ќе го задржи Бенатија, во оваа година Ругани доби шанса, а останува како поддршка на Барзаљи и Бонучи.

Поради тоа нема да биде чудо ако Јувентус го продаде Бонучи кој најверојатно ќе стане најскап дефанзивец на сите времиња.