Гвардиола сака засилувања, цел е француски фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да го засили средниот ред на својот клуб во јануарскиот преоден рок.

Шпанецот не е задоволен од средниот ред во оваа сезона. Како што стојат работите, нов фудбалер на граѓаните би можел да биде французинот, Стивен Н’Зонзи.

Овој фудбалер моментално е член на Севиља, но тешко дека ќе остане во клубот од Андалузија бидејќи има огромен интерес за него од гигантите.

Сити е само еден од клубовите кои се заинтересирани за Н’Зонзи, а помеѓу останатите се Јувентус, Челси и Арсенал.

Н’Зонзи е прва опција на Пеп Гвардиола. Ќе се обидат да го доведат на позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп.

Французинот има играно во Англија. Во 2009-та година стигна во Блекбурн од Амиен каде играше до 2012-та година, а потоа три сезони го носеше дресот на Стоук.