Генијалниот план на Мурињо – Ќе го продаде отпишаниот и ќе доведе фантастично засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо и дефинитивно го отпиша Мемфис Депај.

Поранешниот фудбалер на ПСВ стигна како големо засилување од Ајндховен, но класта не ја докажа на Олд Трафорд.

Со доаѓањето на португалецот падна во втор план, а сега ќе го напушти Јунајтед.

Се зборуваше за интерес од Валенсија, Милан и Евертон, а Мурињо кажа дека нема да го позајмува туку само ќе прифати да го продаде.

Мурињо ја најде неговата замена и тоа во Серија А. Се работи за фантастичниот млад напаѓач на Лацио, Кеита Балде кој го сакаат и росонерите.

Балде одби да го продолжи договорот со римјаните кои се присилени да го продадат.

Италијанските медиуми соопштија дека се очекува на Олимпико да ја прифатат понудата од 25 милиони евра плус бонуси за момчето кое од школата на Барселона.