Гери Невил го кажа своето мислење кој треба да го наследи Венгер во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен стручен фудбалски аналитичар за „Скај Спортс“, Гери Невил го даде своето мислење кој треба да биде наследник на Арсен Венгер на клупата на Арсенал.

Прославениот десен бек смета дека Диего Симеоне е вистинскиот човек кој може да го однесе Арсенал едно ниво погоре. Менаџерот на Атлетико Мадрид беше поврзуван со Арсенал во неколку наврати, но според шпекулациите засега прв фаворит за тренерското столче на „Емирати“ сепак е Луис Енрике.

„Луис Енрике е фаворит, а јас си го поставувам прашањето, гледајќи на тоа од фудбалска гледна точка, кој е вистинскиот избор за Арсенал?

Дали од Арсенал ќе бараат можност да се вратат во Лигата на Шампионите? Или ќе гледаат шанса да ја освојат Премиер Лигата? –Ако е ова второто треба да се случат неколку работи. Тие мора да донесат менаџер кој ќе ги води над нивните можности, а втората работа е тоа што одборот на Арсенал ќе мора да почне да троши како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси, но тоа мислам дека не е веројатно.

Така, тие треба да добијат менаџер кој ќе ги води над нивните можности, а одличен кандидат за тоа според мене е Диего Симеоне од Атлетико Мадрид. Сезона по сезона тој се бореше рамноправно, не само во Лигата на шампионите туку и во Ла Лига, со тим кој има голем буџет, но ни од далеку како тие на Барселона и Реал Мадрид.

-Тоа што новиот менаџер на Арсенал ќе го преземе е битка со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси кои имаат огромна финансиска моќ. Доколку сакаш да се носиш со тоа, мора да имаш неверојатен менаџер, а Симеоне е таков тип на менаџер. Тој константно го правеше тоа во изминатите години.

Доколку Арсенал има амбиции да ја освои титулата во лигата, а не планира да троши пари тоа мора да го стори така што ќе донесе специјален тип на менаџер за да го стори тоа“-коментираше Гери Невил.