Германските медиуми со нови жестоки критики за Ковач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми продолжија да го критикуваат Баерн Минхен, иако германскиот гигант победи со 2-0 против АЕК во Атина.

Тренерот Нико Ковач во натпреварот од третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони порача дека неговиот тим играл многу добро и заслужил триумф.

Меѓутоа, германските медиуми пишуваат дека Баерн играл катастрофално до 61. минута од дуелот, кога Чави Ернандез постигна гол за 1-0.

„До првиот гол на Баерн играта беше ср**е, а потоа се појави Мартинез и ја спаси ситуацијата“, пишуваат Германците.