Германците успешни на домашен терен – Бамберг го победи Макаби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одигра натпревар од Евролигата во кој се соочија Бамберг и Макаби Тел Авив.

Тимот од Израел многу подобро го отвори натпреварот од домаќинот и успеа да победи во првата ¼-на со 21:16, но потоа следуваше многу подобра игра од страна на германскиот тим и на полувремето се замина со резултат 41:43.

Второто полувреме имаше голем пресврт. Бамберг одлично отвори во третата ¼-на кога успеа да победи со 25:10, а потоа рутински до крајот на натпреварот одигра и стигнаа до победа од 90:75.

Најдобар играч на натпреварот беше Јанис Стрелниекс со 25 поени од тимот на Бамберг.