Гигс: Мурињо? Јунајтед треба да го задржи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мурињо се наоѓа под голем притисок на Олд Трафорд.

Црвените Ѓаволи новата сезона не ја започнаа најдобро, после три кола се наоѓаат на 13. позиција и сево ова ги покрена шпекулациите дека Мурињо би можел да го напушти Јунајтед.

И додека многумина веруваат дека времето на Мурињо завшри, легендарниот Рајан Гигс, кој со години играше за Манчестер Јунајтед не се сложува со ова. Тој порача дека клубот го има правиот тренер и мора да го задржи.

„Манчестер Јунајтед веќе има одличен тренер и прав човек кој треба да го задржи. Клубот поминува низ криа, но треба да останат сите заедно и да се издигнат над ова“, кажа Гигс, додавајќи дека верува оти Црвените Ѓаволи многу брзо ќе ја надминат оваа ситуација.

И медиумите во Англија пишуваат дека од смена нема да дојде, бидејќи Мурињо ја има поддршката од управата.