Гигс: Не сум заинтересиран за тренер на Свонси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Велс, Рајан Гигс не е заинтересиран за менаџерската работа во Свонси.

Свонси синоќа објави дека досегашниот менаџер Пол Клемент заработил отказ по серијата лоши резултати во првиот дел од Премиер лигата.

Рајан Гигс кој пред неколку дена изјави дека е заинтересиран да биде нов селектор на Велс истакна дека не е заинтересиран за тренерската позиција во Свонси откако неговата апликација не беше прифатена пред повеќе од една година кога во велшкиот клуб на клупата седна Боб Бредли.