Глазгов Ренџерс се засили од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Глазгов Ренџерс до крајот на сезоната ќе биде засилен со млад фудбалер на арсенал, Јан Торал кој дојде на позајмица.

Торал во 2014 година потпиша за Арсенал, но сеуште не доби шанса во првиот тим, па претходните 2 години беше на голем број позајмици.

Овој 21-годишен фудбалер прво настапуваше за Брентфорд, а потоа за Бирмингем и Гранада, за која оваа сезона одигра 5 натпревари во Ла Лига.

Торал во Ренџерс ќе се обиде да го добие потребното искуство во сениорскиот фудбал.