Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот играл Хозе Калдерон најверојатно до крајот на сезоната ќе игра во Голден Стејт.
Тие се разделија со Брајан Вебер, а тренерот најави донесување на нов плејмејкер во наредните денови, но не сакаше да зборува за имињата додека соработката не биде официјална.
Калдерон моментално е член на Лејкерс, но се очекува преговорите да бидат успешни и 35-годишниот играч да го засили тимот на Голден Стејт.
Калдерон ја игра својата 12-та сезона во НБА, оваа сезона играше само на 24 натпревари со просек од 3.3 поени по натпревар, а претходно го носеше дресот на Торонто, Детроит, Далас и Њу Јорк додека во Европа играше во дресот на Басконија.