Голема промена, Португалија загуби место во Лигата на шампионите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во сезоната 2018/19 ќе се случи промена во Лигата на шампионите, Португалија веќе нема да има три учесници во Лигата на шампионите.

Португалија досега беше на 6 место по рејтингот на УЕФА когса се гледа клупскиот коефициент, но нивното место го зазеде Русија после добрите резултати на тимовите во Лига Европа.

Португалија од денеска нема претставници во Европа, поради тоа што Порто загуби од Јувентус, па до крајот на сезоната нема никакви шанси да ја вратат позицијата број 6 по коефициент во УЕФА.

Значи, Русија од сезоната 2018/19 ќе добие и трет претставник во ЛШ, додека Португалија губи едно и ќе има два претставници.