Големиот „Ел Нињо“ – Пред една недела остана без свест, а сега се враќа на терените!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фернандо Торес доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите.

Тој доживеа силен потрес на мозок во натпреварот против Депортиво во Ла Коруња пред 6 денови, заврши во болница, но тој за брзо време ќе се врати на теренот.

Победата на Атлетико против Валенсија во минатото коло тој ја гледаше од трибините, мораше да мирува, но вчера доби дозвола да почне со лесни тренинзи.

Му беше направена снимка на главата и беше констатирано дека нема никакви проблеми.

Беше во теретана и тренираше со останатите, меѓутоа поради внимателност нема да игра во наредните недели.