Големи измени во Вардар: Заминуваат Гачевски, Спировски…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар во наредниот преоден рок ќе смени неколку играчи во тимот.

Тимот на Вардар е прв на табелата, но за жал не ја покажува играта која ја очекуваа навивачите на клубот.

Па поради тоа, во наредниот период ќе следат неколку измени. Од клубот би требало да заминат Томе Пачовски, Благоја Љамчевски, Владица Брдаровски, Филип Гачевски, Стефан Спировски и Немања Мијушковиќ.

Исто така од тимот би требало да заминат и Џон Обрегон, Ацо Стојков, Горан Попов и Влатко Грозданоски кои многу малку играа оваа сезона во тимот.

Како засилување се очекува во тимот да пристигнат Горан Силјановски, Бојан Најденов и Лукас Фереира Кардозо.

Во јануари не очекува бурен трансфер период и измени во Вардар кој би го направиле посилен во вториот дел од сезоната.