Големото промашување на Фергусон заврши во Коритиба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се сеќавате ли на Андерсон?

Некогаш беше најдобар млад фудбалер во светот, играше за Манчестер Јунајтед, но неговата кариера не се развиваше како што се очекуваше.

Манчестер Јунајтед за донесување на Андерон во 2007 година одвои 30 милиони евра.

Веруваа дека ќе порасне во голем играч, но тој за времето поминато во клубот не успеа да го покаже својот потенцијал и се врати во Бразил.

Последните две години Андерсон ги играше за Интернасионал, а оваа зима по испаѓањето на клубот во понизок ранг премина во Коритиба за која ќе настапува до крајот на годината како позајмен играч.

Информацијата ја потврди и бразилскиот клуб.

Покрај Интернасионал и Јунајтед, Андерсон во својата кариера уште играше за Гремио, Порто и Фиорентина.