Големо славење, па „приземјување“ за навивачите на Јуве: Што ќе биде со Роналдо?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Два дена после големото славење на навивачи на Јувентс се соочуваат со многу лоши вести.

Нивниот тим во вторник навечер се пласираше во 1/4 финалето од ЛШ откако го победи Атлетико Мадрид со 3-0, а стрелец на сите три голови беше Кристијано Роналдо.

Португалецот третиот гол го прослави на сличен начин како и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне во првиот меч. Да потсетиме, Симеоне на првиот натпревар после вториот гол се фати за своето меѓуножје и се сврте кон навивачите на Јуве, а тоа очигледно го заболе Роналдо па одлучи да му врати на ист начин.

Gazzetta dello Sport пренесеува дека Роналдо сега се соочува со касна од УЕФА која очигледно имаше смисол за хумор во овој случај.

Постои опција Роналдо да заработи суспензија за средбите од ЛШ, но далеку поверојатна е паричната казна од 20.000 евра. Да потсетиме иста казна доби и Симеоне поради својата постапка.