Голем кошаркар, но уште поголем човек: Дончиќ со прекрасен потег израдува детенце (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот словенечки кошаркар Лука Дончиќ настапува одлично за Далас маверикс во НБА-лигата, а така беше и синоќа против Лос Анџелес клиперс кога постигна трипл-дабл со 28 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Младата ѕвезда на Далас привлече големо внимание со неговите настапи сезонава, па сите сметаат дека ќе биде еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата во иднина.

Сепак, Дончиќ не е само голем кошаркар, туку покажа дека е голем човек со огромно срце, откако по мечот со Клиперс израдува едно болно детенце.

Дончиќ ги соблече неговите патики и ги потпиша, па потоа му ги подари на едно момче, па со тој потег ги освои фановите на НБА-лигата.