Голот на Азар против Ливерпул заврши на сајт за возрасни (ФОТО)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Челси пред неколку дена успеа на „Енфилд“ да го победи Ливерпул со 1-2 и така го елиминираа од Карабао Купот, а во центар на внимание беше Еден Азар, кој постигна маестрален погодок.

„Сините“ на гостувањето направија големо изненадување, а токму Белгиецот беше херој во самиот финиш на натпреварот. Азар помина неколку играчи, а потоа ја смести топката во мрежата на домаќините.

Навивачите на Челси уште се радуваат на погодокот, па поради тоа беше ставен на еден сајт за возрасни.

Сепак, Ливерпул денеска ќе има шанса да се одмазди за тоа бидејќи повторно игра против Челси, но овојпат на „Стемфорд бриџ“.