Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралискиот карикатурист Марк Најт се најде на удар на јавноста поради карикатура од американската тенисерка Серена Вилијамс.
Тој објави карикатура во која го претстави своето мислење за финалето на Ју-Ес опен во кое Серена направи скандал со судијата Карлос Рамос.
Неговата карикатура беше обвинета за сексизам и расизам кон Вилијамс, но и кон Осака, која Најт ја претстави како мала и слаба жена со светла коса, иако таа изгледа поинаку.
„Само го прикажав нејзиното однесување на теренот. Немам ништо против неа, таа е шампионка и ја нацртав таква каква што е“, кажа Најт во своја одбрана.