Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекот на Јувентус, Дани Алвеш изјави дека чувството по пласманот во ½-финале е горко-сладок.
Бразилецот минатото лето премина во Торино од Барселона каде што помина 8 години.
„Беше тешко, но среќен сум поради клубот и навивачите. Чувството е горко-сладко, затоа што враќањето овде буди спомени од времето кога играв за Барселона. Болно е, но тоа е дел од нашата професија.“
Алвеш беше еден од играчите кои го тешеа Нејмар по натпреварот.
„Му реков дека таков е фудбалот. Му кажав дека не сакам да ја извлечеме Барселона, поради тоа што поминавме заедно. Секако дека ги бранеше боите на својот клуб, ова е само еден пораз, Нејмар треба да оди понатаму.“