Готово е: За него повеќе нема место во Баерн


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе е познато од кој фудбалер Баерн ќе се реши во летниот преоден рок, кој пополека се приближува.

Се работи за Холдер Бадштубер, 28-годишниот стопер кој се наоѓа на позајмица во Шалке, на кого деновите се одбројани во Минхен.

Бадштубер има важечки договор со Баерн до 2018 година но е извесно дека нема да го одработи до крај и дека на крајот на оваа сезона ќе биде продаден, со цел баварскиот клуб да извлече каква-таква заработка.

Во прилог му оди и фактот дека Баерн веќе ангажираше засилување на стоперската позиција за наредната сезона бидејќи веќе го договорија доаѓањето на Никлас Зуле од Хохенхајм, а Баварците ќе ги чини 20 милиони евра.

Едно време беше незаменлив член во составот на Баерн, но бројните повреди му ја уништија кариерата.