Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изградив сопствен живот и немам намера да се занимавам со Милан ниту да работам во него“, рече легендарниот капитен на Росонерите.
Легендарниот капитен на Милан Паоло Малдини е шокиран од фактот дека Силвио Берлускони ги продаде Росонерите на кинески инвеститори и порача дека нема ништо од неговото евентуално враќање во клубот.
Берлускони одлучи да го продаде клубот после точно 30 години раководење, а целата работа треба да биде реалзиирана до ноември во оваа година.
„Чудно е да го видам Милан без него, без Силвио. Стигнав во клубот додека беше друг претседател, а од прва рака видов како изгледа кога ќе дојде нов газда. Берлускони беше неверојатен претседател, веројатно најуспешен од сите од сите во модерниот фудбал“, рече Малдини за Скај Спорт Италија.
Со новите кинески газди се појави приказната за наводно враќање на Паоло Малдини во клубот.
„Уморен сум од тие приказни. Изградив сопствен живот и немам намера да се занимавам со Милан ниту да работам во него. Тој клуб останува моја голема љубов, како за мене така и за целата моја фамилија, но мојата иднина не е во него“, рече Малдини.
Потоа посебно истакна една работа.
„Важно е новите луѓе кои ќе дојдат од странство да ја сфатат големината на нашиот клуб, неговата историја. Претседателот не може да донесува сам одлуки, тоа секогаш го зборував. Милан има милиони навивачи ширум светот и мора да ги почитува, да го земе нивното мислење во предвид. Влијанието на навивачите не познава граници, Миланисите се насекаде на околу“, заклучи Паоло Малдини.