Готово е: Трансферот е финиширан, Интер утре ќе го официјализира новото име во таборот


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Веќе претходно се појавија шпекулации дека Интер е блиску до реализација на трансферот на фудбалерот на Саутемптон, Седрик Соарес.

Сега италијанските медиуми сиипштуваат дека договор е постигнат, и дека 27-годишниот португалски репрезентативец веќе утре може да потпише за Интер.

Така, како што се наведува, Соарес веќе тргнал кон Италија, а утре би требало да ги изврши лекарските прегледи по кои ќе следува официјализирање на соработката.

Дефанзивецот стигна на позајмица до крајот на сезоната, со тоа што Интер ќе има опција за откуп на неговиот договор по истекот на истата за 11 милиони евра.

За потсетување, Интер летово го доведе Шиме Врсалјко на позицијата десен бек, но се чини дека на „Меаца“ не се потполно задоволни со игрите на хрватскиот репрезнетативец.