Готово е, Тухел нов предводник на ПСЖ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Речиси сите француски медиуми пренесуваат дека Томас Тухел ќе биде новиот тренер на тимот на ПСЖ.

Еден од најугледните медиуми, Канал+ објави дека Германецот со францускиот гигант потпишал двегодишен договор, а официјализирање на истиот ќе видиме наскоро.

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Мајнц ќе се обиде да го однесе тимот скалило погоре, односно да сериозно да го вмеша во борбата за титулата во Лигата на шампионите.

Доколку шпекулациите станат вистинити, Тухел ќе стане првиот Германец во историјата на клупата на ПСЖ.