Го доведе Џеко во Рома, а сега го сака и во Франција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Един Џеко е фантастичен во дресот на Рома оваа сезона.

Постигна 15 погодоци на 22 натпревари, а севкупно во сите натпреварувања има 22 погодоци.

Се снајде во Рома оваа сезона доста добро, но доколку пристигне адекватна понуда, би можел и да ги пакува куферите.

За него интерес покажа Олимпик Марсеј, и доколку тој продолжи со своите добри игри  би можел да ја менува средината на лето.

Интересно е што моменталниот тренер на Марсеј, Руди Гарсија го доведе Џеко во Рома од Сити, а сега го сака и во Олимпик Марсеј.