Го доведоа како слободен играч, а сега е можно да треба да платат 50 милиони евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Руи Патрицио на крајот од минатата сезона одлучи да го напушти Спортинг поради ситуацијата во клубот и како слободен играч потпиша за Волверхемптон кој се врати во англиската Premiership, иако се е официјализирано пред неколку седмици се појави неочекуван проблем.

Имено, челниците на Спортинг порачаа дека Патрицио немал право да најде нов клуб, бидејќи сеуште е играч на тимот од Лисабон. Од Спортинг веќе поднесоа жалба на адреса на ФИФА и им порачаа дека мораат да платат 50 милиони евра доколку го сакаат овој голман.

Тужбата од Спортинг има дури 63 страници и од овој клуб порачаа дека очекуваат позитивен одговор од ФИФА. Португалскиот клуб се надева дека ќе ги добие овие пари, но и дека ФИФА ќе го суспендира Патрицио и Волверхемптон.

Тие бараат суспензија за Патрицио од шест месеци и англискиот клуб да не може да доведува нови засилувања во наредните два преодни рока.