Го исфрли Реал, па го одби Јувентус: Ѕвезда на Ајакс го одбра новиот клуб!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ајакс направија големо изненадување откако во осминафиналето на Лигата на шампиони го елиминираа Реал Мадрид.

Холандскиот тим има голем број таленти, а еден од нив е Матијас Де Лигт, кој привлекува големо внимание на европските гиганти.

Шпанските медиуми пишуваат дека дефанзивецот одбива да се пресели во Јувентус, па ќе почека на понуда од Барселона, која ќе ги задоволи апетитите на Ајакс.

Проблемот не би требало да претставува ниту неговиот менаџер Мино Рајола, со кој во Барселона избегнуваат да соработуваат, но очигледно овојпат ќе направат исклучок.

Каталонците ќе се обидат што е можно побрзо да направат договор со Ајакс, со кој се во одлична врска и со кој веќе соработуваа сезонава.