„Го одбив Лестер поради тоа што го направија на Раниери“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот селектор на Италија Чезаре Прандели (59) ја одби работата менаџер на Лестер.

После отказот на Клаудио Раниери многу имиња се поврзуваа со актуелниот шампион на Англија.

На крајот работата припадна на Крег Шакспир, човек кој на италијанскиот стручнак беше помошник.

Раководството на клубот сакаше нов менаџер на тимот од Кинг Пауер да стане Чезаре Прандели, но овој стручнак ја одби таа работа.

„Ги одбив без малку размислување. Не се оди на такво место кога гледате како се однесуваа кон Раниери. Таму не се оди и точка“, рече Прандели и додаде:

„Раниери оствари нешто што не може да се повтори и заборави. Само така го отпуштија, иако испиша историја на клубот“, истакна некогашниот селектор на Италија.

Италијанскиот стручнак последната работа ја имаше во Валенсија, каде што е отпуштен, во септември минатата година, а работеше уште во Галатасарај, Фиорентина, Парма и Рома.