Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Искусниот играч за врска Мохамед Сисоско потпиша договор со Тернана, објави овој италијански клуб на официјалната страна.
Сисоко, кој веќе одамна е заборавен од страна на многумина, после разделбата со индискиот Пуне Сити се одлучи да се врати во Евфропа и да ја прифати понудата од Серија Б, поточно од претпоследната Тернана.
Како што стои на официјалната клупска страница, Сисоко и Тернана потпишаа договор до крајот на тековната сезона со опција за продолжување на соработката.
Соевремено Сисоко настапуваше за репрезентацијата на Мали и низ кариерата имаше шанса да ги носи дресовите на клубови како што се Ливерпул, Валенсија, Јувентус, Пари Сен Жермен и Фиорентина.