Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е клуб кој веќе одамна не може да се пофали со добар скаутинг на млади фудбалери.
После генерацијата која речиси 20 години доминираше во Англија, од сезона во сезона Јунајтед тонеше се пониско, а не помагаа ниту скапите трансфери.
Така во минатото лето тимот од Олд Трафорд го плати Пол Погба на Јувентус 105 милиони евра, а истиот играч замина од клубот бесплатно, неколку години порано.
Речиси идентична ситуација се повторува со 24 годинишниот стопер Мајкл Кин.
Тој во 2015 година е продаден за 2 милиони фунти како недоволен талентиран за Јунајтед, но само две години подоцна Црвените ѓаволи сакаат да го вратат назад и нудат на Барнли дури 25 милиони фунти.
Одличниот дефанзивец со фантастични партии привлече големо внимание на себе.
Тимовите од врвот на Премиер лигата со драга воља сакаат да го видат во своите редови, но Кин единствено е заинтересиран за враќање на Олд Трафорд.
Јунајтед, очекувано, подготви и добра плата за Кин, па на неделно ниво треба да заработува 100 000 фунти.
Враќањето на Погба на Јунајтед на терен не се исплати. Пред Кин е голем предизвик и останува само да чекаме што ќе се случи во неговиот случај.