Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем Деле Али може на лето да стане најскап фудбалер на сите времиња.
Како што наведуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е спремен да издвои огромна сума на пари за доведување на младата ѕвезда на Тотенхем и тоа во трансфер кој ќе биде најголем на сите времиња.
Наводно, Спарсите се спремни да го продадат 20-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и тоа за 100 милиони фунти, што ќе биде нов рекорд кога се трансферите во прашање.
Во минатото лето управата на Јунајтед направи најголем трансфер на сите времиња кога на Јувентус за Пол Погба исплатија 89 милиони фунти.
Али заблеска во минатата сезона во првата професионална сезона. Оваа година ја продолжи со одлични настапи и привлече големо внимание на европските гиганти.
Црвените ѓаволи се спремни да го доведат на Олд Трафорд, а се чини дека цената не е важна.
Али во оваа сезона одигра 28 натпревари, а постигна 12 голови со пет асистенции во сите натпреварувања.