Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Тотенхем, Ерик Ламела беше разочаран после поразот од Барселона со резултат од 4-2.
Говорејќи за натпреварот, Ламела не можеше да не го спомене својо соранодник Лео Меси, кој го опиша со посебни зборови.
„Меси е неверојатен. На секој натпревар тој блеска, не беше така само овде на Вембли. Најдобар на светот е и му нема рамен, а тоа сите го знаат“, рече Ламела, кој додаде:
„Ова беше тежок натпревар за нас. Барселона има напад од светска класа, а покрај тоа фантастично ја контролираат топката. Се работи за една исклучително квалитетна екипа. Не натераа многу да трчиме и да се умориме, а своите прилики вешто ги искористија“.
Тотенхем после двата одиграни меча нема ниту еден бод на своето конто, а проблем му претставува тоа што Интер и Барса имаат по шест бодови, па Покетино ќе има тешка задача да биде помеѓу двете најдобри екипи во својата група.