„Граѓаните“ повторно се спасуваа во последните десет минути


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити победија против Вест Хем (2:1) во еден тежок натпревар за нив во последниот натпревар од 15. коло од Премиер Лигата.

Сити се мачеше на почетокот, речиси и да не направи прилика за да го загрози Адриан, додека пак гостите напаѓаа по контра напади и прекини. Токму преку еден прекин Вест Хем стигна до водство откако Огбона по одличниот центаршут на Кресвел го совлада Едерсон.

Гвардиола уште на полувреме го стави во игра Габриел Хесус на местото на дефанзивецот Данило и тоа на крајот се покажа како правилен потег. Во 57. минута Бразилецот убаво помина по страна ја врати топката кон Отаменди кој го изедначи резултатот.

По израмнувачкиот погодок на теренот постоеше само еден тим. Сити продолжи да притиска, а Адриан одбрани неколку тешки удари на домаќините. Нападите на Манчестер Сити вродија со плод во 83. минута кога Давид Силва среќно ја затресе мрежата и донесе победа која го остава Сити на осум бодови пред градскиот ривал Манчестер Јунајтед пред дербито следниот викенд.