„Граѓаните“ покажуваат дека се главни фаворити за титулата: Шест гола во мрежата на Хадерсфлилд (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англискиот шампион Манчестер Сити со огромни 6:1 славеше против тимот на Хадерсфилд и така по две кола веднаш се наметна како прв фаворит за освојување на Премиер лигата.

Денес феноменален беше Серхио Агуеро кој постигна три погодоци, а одлична партија имаше и левиот бек Бенџамин Менди.

Во 25. минута Агуеро го постигна првито погодок по асистенција на голманот на Сити, Едерсон. Потоа се беше полесно, па до крајот на првиот дел Габриел Хесус погоди за 2:0, а не многу после тоа мрежата по втор пат ја затресе Агуеро за 3:0.

Пред крајот на првиот дел гостите од Хадерсфилд намалија на 3:1, но тоа беше се од нив на овој натпревар.

Давид Силва во 48. минута погоди за 4:1, во 75. минута Агуеро го комплетираше својот хет-трик за 5:1, а точка на натпреварот стави Конголо кој си постигна автогол во 84. минута од средбата.

Одличен старт на сезоната има и Вотфорд кој денес славеше на гостувањето кај Барнли со 3:1  така со две победи од два натпревари се наоѓа на самиот врв на табелата.